Многу родители користат тајмаут како мерка за дисциплинирање, но еве зошто истото не функционира и како влијае на вашето дете и неговиот развој.
Тајмаутот им прави на децата да се чувствуваат изолирано
Оставено само во аголот, својата соба или пак на “лошото столче” вашето дете не размислува зошто не требало да ја удри својата сестра. Тоа не разбира дека неговите постапки – а не тоа како личност – треба да се сменат. Ниту, пак, се уверува себеси дека неговите чувства се валидни или дека е сакано без разлика на сè. Можеби дури и да мисли дека е лоша личност што го има заслужено истото, но повторно, не знае зошто.
Тајмаутот не ги валидира чувствата на вашето дете
Кога ги испраќаме нашите деца во тајмаут, ја занемаруваме основната и валидна причина зошто тие на прво место дејствувале. Освен што не ја валидирате емоцијата и нивната фрустрација, тие се оставени сами и збунети. Удирањето никогаш не е соодветен начин да се изрази фрустрација, но кога ги испраќате во тајмаут, не ја валидирате основната причина. Со што детето може да мисли дека добива тајмаут секогаш кога ќе се чувствува вознемирено и луто и дека неговите емоции не се важни.
Децата учат дека негативните чувства треба да се игнорираат
Најголемата грешка што ја правиме со емоциите на нашите деца? Ги судиме. Ги гушкаме нашите деца кога се среќни, возбудени и добро расположени, но ги испраќаме да бидат сами кога се лути, фрустрирани или тажни. На некои деца им треба време и физички простор за да ги стабилизираат своите емоции и да бидат сами , но тие треба секогаш да знаат дека ние сме секогаш тука и во близина кога ќе бидат подготвени да разговараат или едноставно ќе им бидеме потребни.
Децата не учат да ги регулираат своите емоции
За време на тајмаут, ние не сме во близина за да им помогнеме да ги регулираат своите емоции. Не можеме да разговараме за нивните чувства или да ги увериме дека и вознемирувачките или негативните емоции се нормални и ќе исчезнат. Не можеме да ги научиме да вдишат длабоко или пак да ги утешиме пеејќи заедно. Или пак едноставно, гушкајќи го своето омилено плишано мече и вас.
Зошто тајмаут е првиот метод кој доаѓа на ум?
Зошто скоро на секој родител му доаѓа природно да користи тајмаут? Едноставно е, сите околу нас го применуваат, нашите родители го користеле а ние сме пораснале сосема во ред. Но има и неколку причини за кои можеби не сме свесни.
- Една од причините е тоа што имаме реактивна реакција
Може да биде тешко да се остане смирен кога нашите деца се однесуваат непосакувано. Нашата реакција е реактивна, а не проактивна односно се обидува да се справи со нешто кое веќе се случило и да го дисциплинира. Односно, не го предвидува непосакуваното однесување, не го превенира и не дава можност да се научи соодветен начин на однесување.
- А друга причина е лажното верување дека љубовта го наградува лошото однесување
Можеме да поставиме граници и да покажеме сочувство во исто време. Можеме да ги водиме и сакаме дури и кога манифестираат непосакувано однесување, не само кога се среќни и расположени.
Користејќи тајмаут, не им помагаме да научат нов начин на однесување во слична ситуација. Наспроти тоа непосакуваното однесување го прекинуваме со застрашување и изолирање, што нема долгорочен ефект. Истовремено, не ги учиме као да ги регулираат сопствените емоции, односно не развиваат вештина која е особено важна за тие да пораснат во здрави и резилиентни возрасни личности.