ШТО КОГА ВАШЕТО ДЕТЕ УДИРА И ГРИЗЕ?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Замислете ја оваа ситуација: Си играте како и вообичаено со вашето дете и одеднаш добивате удар или сте гризнати. Сигурно ќе се почувствувате луто и изненадено. Па можеби дури и исплашено од оваа нова појава. Пред да си помислите дека нешто не е во ред со вашето дете или дека сте лош родител и сето ова е ваша вина, вдишете длабоко.

Гризењето и удирањето се вообичаени и дури и очекувани кај  малите деца. Вашето дете ги тестира границите и наоѓа нови начини да привлече внимание. На овој начин децата учат за светот околу нив и тоа е сосема нормална развојна појава.

Зошто детето удира или гризе?

Удирањето и гризењето не секогаш имаат подлабоко значење. Како возрасни, секогаш се обидуваме однесувањето да го поврземе со одредено значење. Во вакви ситуации најдобро е да ставиме фокус на тоа што всушност детето сака да искомуницира преку своето однесување и со која цел.

Митови за тоа зошто децата удираат или гризат:

  • Ова однесување е секогаш намерно. Вистина: Не е.
  • Детето е злобно. Вистина: Не е.
  • Детето ќе порасне во човек кој ги повредува другите. Вистина: Нема.
  • Однесувањето се појавува затоа што сте „лош родител“. Вистина: Вие не сте лош родител.

Многу е важно да запомните дека малите деца не се рационални. Поголемиот дел од нивното однесување е само резултат од интеракцијата со нивниот свет и набљудување што се случува. Исто така е важен дел од тоа како учат и се развиваат.

Што да НЕ правите во оваа ситуација?

  • Не удирајте или гризете назад
  • Не им викајте и не кажувајте погрдни зборови
  • Во ниту еден случај не применувајте физичка казна
  • Обидете се да избегнете предавање и објаснување
  • Избегнете бурна реакција, таа само ќе предизвика однесувањето да се повтори

Што ДА направите во оваа ситуација?

  • Кажете “без удирање/гризење” или пак “користиме само нежни допири”
  • Кажете “јас сега ќе ти ги држам рацете за да не се повредиме, во ред?”
  • Не го сфаќајте ова лично и останете смирени
  • Доколку удрат или гризнат друго дете, разделете ги и обезбедете надзор во следна слична ситација
  • Разговарајте за однесувањето и објаснете зошто тоа не е посакувано. Објаснете дека вас или другите ги боли кога го удираат или гризат
  • Дискутирајте ги и именувајте ги негативните и тешките емоции
  • Валидирајте ги нивните емоции кога тие ќе ги споделат со вас
  • Одговорете позитивно кога го бараат вашето внимание на соодветни начини
  • Заедно читајте книги кои обработуваат теми за справување со тешки емоции

Дали треба да ги натерате децата да се извинат за удирање или гризење?

Децата до 2-годишна возраст, присилувањето да се извинат не ги учи ништо. Исто така, може да го рестартира нивниот тантрум.

Со постаро дете кое има способност да ги разбере чувствата на другите, соодветно е да ги научиме да се извинат за негативно однесување. Преземањето одговорност за своите постапки е важна вештина која треба да ја научиме. Дозволете му на детето да се смири пред да побарате да се извини, без оглед на возраста.

Важно е да запомните дека во овие ситуации треба да останете смирени. Ова е само начин на кој детето се обидува да го привлече вашето внимание или да искомуницира одредена потреба. А вие како родител можете да му помогнете да научи нови начини да го направи истото.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира