Нашите пријатели од брендот Omnikum во своето портфолио имаат повеќе различни категории на продукти кои помагаат во подобрување и одржување на здравјето на луѓето како и напредно функционирање на телото и умот.
Како што тие велат, нивните производи се развиени со една поинаква филозофија на пристап кон креирањето, со крајна цел, целосна поткрепа на Вашето тело.
Еден од производите од нивната палета е Omnikum Омега 3, подолу прочитајте повеќе за придобивките од негово конзумирање.
Придобивката од конзумирање на Омега 3 масните киселини е добро познатa. Но, помалку познат факт се специфичните бенефити кои бремените жени и нивните бебиња ги имаат од истото.
Постојат повеќе видови на Омега 3 масни киселини, но најважни се: EPA (Eicosapentaenoic acid) и DHA (Docosahexaenoic acid) и истите се пронајдени во рибиното масло.
EPA помага за нормална функција на срцето, го поддржува имунитетот и има изразено антиинфламаторно дејство. Додека пак, DHA ја помага работата на мозокот, очите и централниот нервен систем. Сето ова ги прави Омега 3 масните киселини исклучително важни за бремените жени и жени кои дојат.
Кои се најважните бенефити кои бремените жени ги имаат од Омега 3?
Намален ризик од предвремено породување
Земањето DHA за време на бременоста може да го намали ризикот од предвремено породување и истовремено помага при развојот на здрав мозок и очи. Омега 3 масните киселини се основата за правилен развој на ретината на бебето. Акумулацијата на DHA продолжува се до 2рата година на детето, па се препорачува да се конзумира и во периодот на доење.
Намален ризик од растројство на внимание и хиперактивност кај детето
Студијата објавена во Journal of Pediatrics направена од група на истражувачи на Институтот за глобално здравје во Барселона покажала значајна поврзаност меѓу конзумирањето Омега 3 во бременоста и ризикот од ADHD кај децата. Односно, повисоко ниво на Омега 3 може значајно да го намали ризикот од развој на нарушувања на вниманието и хиперактивност.
Намален ризик од прекумерна тежина кај детето
Иако тука многу фактори имаат влијание, се смета дека внесувањето на DHA за време на бременоста може да го намали ризикот од прекумерна тежина кај детето. Студија направена во 2018 год. вели дека мајките кои земале 600 мг DHA имале деца со телесна маса со помалку маснотии, споредено со плацебо група.
Подобро ментално здравје на мајката
Се смета дека конзумирањето на Омега 3 за време на бременоста може да биде клучно за менталното здравје на жената. Истражувањата покажуваат поврзаност меѓу ниското ниво на DHA и EPA и повисок ризик за депресија.
Повеќе информации за Omnikum Омега 3, како и целосната палета на производи на брендот Omnikum, прочитајте тука!
Комерцијален текст