КОЈА Е ВИСТИНСКА ВОЗРАСТ ЗА ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН?

Од Darko Kodar
КОЈА Е ВИСТИНСКАТА ВОЗРАСТ ЗА КУПУВАЊЕ ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН

Паметен телефон поседуваат речиси 91% од децата до 11 години. Со сигурност можеме да речеме дека појавата е универзална. Но, дали децата ќе пропуштат нешто во својот развој без телефон – или пак напротив истото има изненадувачки придобивки?

МОДЕРНА ДИЛЕМА

Дали треба да му дадете паметен телефон на вашето дете? Или пак треба да ја одложувате изложеноста што е можно подолго? Од друга страна, веројатно и самите имате телефон што го сметате за суштинска алатка во секојдневниот живот. Од е-пошта и онлајн купување, до видео повици и слично. И ако сите соученици и пријатели на вашето дете имаат еден, дали тие ќе пропуштат нешто?

ШТО ВЕЛАТ ИСТРАЖУВАЊАТА НА ОВАА ТЕМА?

Сè уште има многу неодговорени прашања за долгорочните ефекти од користењето паметните телефони и социјалните медиуми врз децата и тинејџерите. Но, моменталните истражувања даваат одредена слика за нивните главни ризици и придобивки. Иако нема сеопфатни резултати во однос на оваа тема, може да се рече дека истото е повеќе штетно за доброто на децата отколку што е корисно. Повеќето истражувања досега се фокусираат на адолесцентите наместо на помладите возрасни групи. Во секој случај, досегашните резултати покажуваат дека може да има специфични развојни фази каде децата се повеќе изложени на ризик од негативни ефекти.

КОЕ Е КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ?

Клучното прашање што родителите треба да си го постават е: „Што е најдобро за моето дете/нашето семејство?”.

За многу родители, купувањето телефон на детето е практична одлука. Во многу случаи, родителите се тие што сакаат помалите деца да имаат телефони за да можат да одржуваат контакт во текот на денот или пак да ја знаат нивната локација. Исто така, некои родители сметаат дека изложеноста на технологија од рана возраст ќе помогне во побрзо развивање на одредени вештини и способности.

НАШИОТ СОВЕТ Е:

Кога поставувате правила за употреба на паметни телефони – на пример да не го чувате телефонот во детска или спална соба преку ноќ. Вие како родители треба искрено да го практикувате тоа правило. Секогаш започнете со она што има смисла за вас како семејство или пак сметате дека е најсоодветно за вашите деца. Заедно разговарајте и одредете ги правилата и обидете се цврсто да се држите до нив. Доколку сакате да го одложите користењето на паметни телефони, а сепак имате потреба да бидете во контакт со вашето дете во текот на денот, паметен часовник е секогаш добра идеја.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира