Повеќето родители ги поттикнуваат своите деца да бидат исклучително успешни – во спортот, на училиште или или пак во одредена уметност. Меѓутоа, често без да се свесни за тоа, ставаат премногу притисок врз своето дете.
Речиси секогаш родителите вршат притисок во име на најдоброто за своите деца. Но многу често притисокот е повеќе поврзан со личните желби и цели на родителот, а не се оние на детето.
Подолу неколку примери како да им дадете поддршка на своите деца, а во исто време да ги поттикнете вистински без да им вршите притисок.
Избегнувајте коментари како што се: „Ова е најважниот тест во твојот живот“ или „Целата твоја иднина зависи од тоа како ќе играш на овој натпревар“.
Наместо тоа, кажете: „Ова може да биде одлична шанса да ги покажеш твоите квалитети“ или „Запомни, тоа е само концерт, како и секој друг“.
Поставувајќи прашања како „Дали мислиш дека учеше доволно? или пак „Дали си сигурен дека доволно вежбаше? само ќе ја зголеми неизвесноста и ќе развие страв од настанот кој ги очекува.
Наместо тоа, кажете: „Забележав дека многу учеше за овој тест, верувам дека си подготвен.“ или ( неколку дена однапред), „Колку повеќе време посветиш на вежбање, толку повеќе ќе се чувствуваш подготвено“.
Фокусирањето на угледот и одговорноста која ја носи задачата може да ја поткопа способноста и самодовербата на детето. Ова вклучува кажување работи како: „Направи нè горди. Сакам сите да видат кога ќе победиш“ или „Сè зависи од тебе. Сите сметаат на тебе“.
Наместо тоа, кажете: „Ние те поддржувате и веруваме во тебе 100%!“ или „Знаеш што треба да направиш, дај го најдоброто од себе!“.