Последните истражувања покажуваат дека траумата доживеана во детството се пренесува од генерација на генерација. Но исто така и силата и резилиентноста. Емпатијата на родителите кон своето дете резултира со сигурен стил на поврзаност кај детето. Сигурната поврзаност, пак, влијае на способноста на детето да развие емпатија. Интерперсоналните квалитети на родителите влијаат на развојот на следната генерација. А тука се вклучени, љубезноста, љубовта и социјалната интелигенција.
Моќта на искуството
Многу од тоа што го учиме како деца, зависи од искуството. Личното искуство, особено кога се повторува со текот на времето, буквално го обликува мозокот и нервниот систем. Со силни последици во однос на тоа како го гледаме светот околу нас. Како и справувањето со емоциите и обликот нашето социјално однесување. Ова трансформира едно од клучните прашања за воспитувањето на децата. Можеби не треба да се прашуваме како да ги научиме нашите деца да бидат добри луѓе. Туку, како нашите децата да искусат добрина од нас?
Дисциплина базирана на емпатија
Според оваа логика, казнувањето, физичката дисциплина, засрамувањето и наметнувањето вина нема да развие добри и емпатични луѓе. Односно, истото во повеќе контексти и култури се покажува дека има спротивен ефект. Истражувањата покажуваат дека децата кои се физички дисциплинирани, се изложени на поголем ризик од анксиозност и депресија. Исто така, кај нив има поголема стапка на проблеми со однесувањето и злоупотреба на супстанци. Ако сакаме да воспитаме емпатични деца кои ги почитуваат другите, треба да ги моделираме овие особини кон нив, но и кон другите.
Ова не значи напуштање на границите или дисциплината – тоа значи трансформирање на начинот на кој поставуваме граници.
Дадете им, за тие да дадат
Но, дали искусувањето на љубезност од другите навистина прави да бидеме пољубезни? Не е само реципроцитет, ти правиш нешто убаво за мене, јас ти возвраќам. Истражувањата покажуваат дека потсетувањето на некој што се грижел за нас нè прави пољубезни кон луѓе што никогаш не сме ги запознале. Па дури и ги намалува предрасудите и агресивното однесување.
Доколку овие идеа ги погледнеме на повисоко ниво, тие имаат моќ да ги трансформираат системите кои се нефункционални.
Тоа значи, доколку сакаме да создадеме пољубезно и поправедно општество, можеме да започнеме со начинот на кој ги воспитуваме нашите деца.
Научните истражувања велат дека позитивните искуства во детството имаат долгорочни и меѓугенерациски ефекти на развојот. А нашите родителски стилови и општествени системи треба да ја одразуваат науката.