ДАЛИ СТЕ “ТОКСИЧНО ПОЗИТИВЕН” РОДИТЕЛ?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Во основа, ниту децата, ниту возрасните не можат да бидат весели и среќни постојано. Човечките емоции не се во константна состојба на оптимизам. Охрабрувајќи ги децата да бидат позитивни кога се соочуваат со потешкотија, може да испрати порака дека да се биде тажен или разочаран е неприродно и непосакувано. Всушност, важно е децата да знаат дека сите емоции се прифатливи и нормални.

Давањето одговор на негативни емоции со фрази како “Гледај на светлата страна.” или “Немој да си тажна!”/”Престани да плачеш!” не е добра идеја. Тоа за нив може да значи дека нивните емоции се непотребни, погрешни и неважни. Исто така, може да ги обесхрабри да споделуваат со вас, а тоа сигурно не го сакате.

Децата стануваат резилиентни соочувајќи се со неволјите кои ги имаат. А тоа значи и соочување со сите свои емоции и нивно препознавање.

Доколку од најрана возраст не научат како на здрав начин да се справуваат со емоциите, особено оние поврзани со неуспех, загуба и болка, може да развијат сериозни емоционални и бихевиорални проблеми.

Како да не бидете “токсично позитивен” родител (или човек)?

  • Валидирајте ги нивните емоции и помогнете им да научат да ги препознаваат
  • Слушајте ги внимателно
  • Бидете добар модел
  • Препознајте кога сте им потребни
  • Дајте им до знаење дека секогаш ќе им бидете поддршка

“Нетоксични” фрази кои можете да ги користите:

  • “Те слушам…”
  • “Како можам да ти помогнам?”
  • “Тука сум секогаш да те поддржам…”
  • “Сакаш ли да ми кажеш како се чувствуваш?”
  • “Можам да забележам дека се чувствуваш… (луто, тажно, исплашено)”

Користејќи ги овие фрази, ќе им дадете до знаење дека се чуени и нивните емоции валидирани. А ова на долгорочен план ќе развие позитивна поврзаност меѓу вас, но и ќе влијае на врските кои тие ќе ги градат понатаму во животот.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира