Доколку разбереме како децата најдобро учат, родителите и наставниците ќе можат подобро да одговорат на потребите на децата на различни возрасти.
Не сите деца учат на ист начин, и тоа е сосема во ред. Постои разлика во тоа како децата стекнуваат знаење и ова е често може да биде фрустрирачки за родителите кои сонуваат нивните деца да бидат успешни.
Што доколку начинот на кој детето најдобро учи не е во согласност со наставните методи и програми? Како детето може да се справи со оваа ситуација, и како родителите можат да помогнат?
Како децата учат преку искуство?
Децата треба да имаат доволно соодветни можности за учење – кои одговараат на нивните индивидуални потреби и начин на учење. Учењето се случува во различни контексти и средини. Како децата учат е резултат на динамични интеракции во текот на развојот. Тие може да бидат проактивни, реактивни, мотивирачки, интензивни, умерено интересни или креативни. Учењето е изведено од искуства, кои се менуваат од ден на ден, и се различни за сите нас.
Сето ова може да поттикне среќни и продуктивни деца, охрабрувајќи ги да бидат самоуверени, да се соочат со нови предизвици и да напредуваат на здрави начини.
Како да бидеме сигурни дека детето има можност да учи на начин кој е најсоодветен за него?
Проверете дали активноста или задачата ги исполнува следниве категории: соодветност, прилагоденост и флексибилност. Tри клучни нешта за искуството кое вашето дете ќе го има при учењето.
Соодветност
• Дали активноста/задачата одговара на способностите и развојот на детето?
• Дали инструкциите се јасни?
• Дали има избор?
• Што би можело да помогне да се одржи интересот и мотивацијата?
• Дали има забава и време за пауза?
Прилагоденост
• Дали е реално да се очекува дека детето ќе сака да го постигне тоа?
• Дали активноста е соодветно предизвикувачка?
• Дали детето ги има потребните ресурси и алатки?
• Дали целта е достижна во дадената временска рамка?
Флексибилност
• Дали детето е вклучено во изборот и планирањето на активноста?
• Дали ги има потребните вештини?
• Доколку не, дали ќе може да се прилагоди во новата ситуација?
Како да ја оптимизираме средината за учење?
Во реалноста, наставниците не можат да ја прилагодат наставната програма за сите различни потреби на децата. Сепак, родителите можат да обрнат внимание и да ја поттикнат способноста на нивното дете да учи и да развие флексибилност кон различни методи и средини. Важно е да го имате на ум развојот на вашето дете, разликите во начинот на учење и личните особини. Помогнете им да ја развиваат својата когнитивна способност, интелектуална љубопитност, способност за решавање проблеми, како и емоционалата интелигенција. Сето ова ќе им помогне да бидат поиздржливи и поснаодливи и полесно да успеат без оглед на методот на учење или средината.
Клучно е да ги охрабрите да бидат асертивни во однос на своите потреби во едукативниот процес, да поставуваат разумни барања и да развијат спосбност да ги користат сите достапни ресурси во своја полза. Како родители можете да ги охрабрите децата проактивно да се вклучуваат во процесот на учење и да имаат иницијатива, со што ќе бидат сигурни дека имаат позитивна придобивка од едукативниот процес.