Секоја година на 14ти ноември се одбележува Светскиот ден на дијабетесот, додека пак, оваа година се одбележуваат 100 години од револуционерното откритие на инсулинот и менувањето на прогнозата на оваа дотогаш смртоносна болест.
Кога кај дете е дијагностициран дијабетес, родителите најчесто размислуваат за физичкиот аспект на болеста и нејзините ефекти, додека пак емоционалниот аспект се занемарува.
Особено е важно родителите да ги препознаат емоционалните предизвици кои доаѓаат заедно со оваа дијагноза.
За таа цел, подготвивме неколку совети кои можат да помогнат во тоа.
Кои емоции може да се појават кај детето по добивањето на дијагнозата дијабетес?
- Чувство на изолација
- Негирање
- Тага
- Вина
- Лутина и фрустрација
- Страв и срам
Дијагнозата на дијабетес со себе носи цел спектар на емоции. Вашето дете може да се чувствува изолирано од врсниците, честа е појавата на тага, депресија и вина, како и чувства на фрустрација, гнев и омраза кон сите рестрикции кои може да им бидат наметнати на дневно ниво.
Затоа најважно во овие ситуации е да го слушате детето и постојано да разговарате со него за тоа како се чувствува.
Разговарајте за тоа колку е важна грижата за себе.
Објаснете зошто е важно да се следат сите медицински совети и да се земаат сите лекови, и како истото помага да се избегнат непријатни ситуации кои ќе ги спречат да функционираат нормално во секојдневниот живот.