


„Големи и Мали е дигитална платформа наменета за родители и деца.“
Нашата идеја е да опфатиме што е можно повеќе различни теми кои се повразни со родителство, детска психологија, како и сите предизвици со кои се соочува еден родител.
Нашиот сервис “Разговарај со психолог” нуди можност да бидете дел од вебинари на различни теми, поврзани со предизвици со кои се соочуваат родителите во одредени развојни фази на своите деца. Исто така, онлајн сесии во чиј тек можете да разговарате со психологот за сите останати прашања кои нашите вебинари ги немаат опфатено.
Нашата друга креативна страна е фотографскиот сервис кој нуди услуги за вашите семејни настани, фото сесии, портрети за родители и деца, сесии за новороденчиња и сите останати настани важни за вас.
Совети
-
Материјалите и содржините кои се користат во Монтесори го поддржуваат развојот на детето, создавајќи усогласување меѓу интересите и понудените активности.
-
‘’Место за се и се на своето место” е еден од клучните принципи на применување на Монтесори дома. Кога ќе одредите место за секој предмет, вашето дете секогаш ќе знае каде стои се и каде треба да се врати.
-
Негувањето на креативноста и имагинацијата на детето му помага да развие апстрактно размислување и вештина за решавање проблеми.
-
Секогаш кога вашето дете ќе се стимулира да размислува, или се формираат нови нервни патишта или се зајакнуваат постојните.
-
Когнитивниот развој на вашето дете се случува со експлозивна брзина во текот на првите три години од животот.
-
Децата кои добиваат пофалби за своите напори на почетокот на животот имаат тенденција да се трудат повеќе и не се откажуваат лесно.
