ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕ ДЕТЕТО ПРЕД ДА ОДИ ВО ГРАДИНКА?

Од Darko Kodar

Ако наскоро имате дете кое ќе оди во градинка, можеби ќе се прашувате дали е подготвено. Дали ги знае сите работи што наставникот ќе ги очекува од него? Тоа сè уште не знае да чита – дали ќе биде зад сите други деца? Дали е подготвено да биде надвор од дома половина или цел ден? Да почекаме уште една година пред да започне? Тоа може да биде многу стресно! Вистината е дека дури и да сте размислувале можеби има нешта кои не ви паднале на памет, а кои треба да ги знае!

За да ви помогнеме да одговорите на какви било прашања што можеби ги имате за ова, направивме кратка листа за проверка.

Ако пребарувате на Google во нашата држава „како да подготвам моето дете за градинка“, веројатно ќе најдете само долги документи кои ги опишуваат стандардите за влез во градинка. За жал, многу од тие документи се многу долги и се полни со административен жаргон што може да биде малку тешко да се разбере.

Понекогаш сè за што се грижиме пред да го испратиме детето на првиот училишен ден е дали ги има математичките вештини и јазичните вештини што ќе бидат потребни. Но, постојат неакадемски вештини кои се исто толку или поважни!

Какви академски вештини треба да има моето дете?

  • препознава и именува основни форми: квадрат, круг, триаголник и правоаголник
  • препознава и именува броеви 1-10
  • брои 10 предмети, покажувајќи кон секој додека брои
  • да ја каже или пее азбуката
  • ги препознава буквите од азбуката, и големи и мали (дури и по неправилен редослед)
  • да ги именува ги боите
  • го напише и препознае своето име
  • целосните имиња на своите родители (барем еден) и домашната адреса
  • да сортира предмети по боја, големина и форма
  • да препознае рима меѓу два збора
  • да држи книга и да врти страници

Какви неакадемски вештини треба да има моето дете пред да оди во градинка?

  • да се облече самостојно (да облече палто, чорапи, да закопча патент и копчиња
  • може да ги врзе чевлите
  • се грижи за основната лична хигиена и може самостојно да користи тоалет
  • држи молив, боички или маркери
  • користи ножици за сечење хартија
  • да стои или да се движи во линија
  • да крене рака доколку има прашање или му е поставено прашање
  • да го закажи својот ранец на соодветно место
  • да мие раце со сапун
  • кашла или кива во својот лакт
  • да ги чува своите предмети и да ги спакува назад во ранец

Доколку вашето дете не може во моментов да направи некои од наведените нешта, вметнете ги активностите во секојдневната рутина. Вежбајте како да го отпакува ручекот самостојно, посочувајте различни букви додека пазарите во маркет и сл. Охрабрувајте го детето да користи целосни реченици и давајте насоки кои ќе треба да ги следат.

И за крај, неколку нешта кои наставниците сметаат дека се особено важни детето да ги знае пред да започне во градинка. Научете ги да бидат љубезни и да ги почитуваат соучениците и наставниците, изложувајте ги на ситуации со кои очекувате дека ќе се соочат, вметнете активности кои го развиваат фокусот на детето и фина и груба моторика, развијте рутина и следете ја, нека поминуваат време без вас (со други членови од семејството или пак играјќи си со други деца и нивните родители).

Сите промени и нови активности внесувајте ги глатко и скоро незабележливо во рутината на вашето дете, со цел да не дојде до појава на страв и одбивност. Истото може да доведе до регресија во однесувањето наместо прогрес.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира