РАЗВИВАЊЕ ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРЕКУ МУЗИКА

Од Darko Kodar
РАЗВИВАЊЕ ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ПРЕКУ ДЕТСКИ ПЕСНИ

Развивањето и култивирањето на емоционална интелигенција кај децата е клучно за нивниот успех во животот. Често објаснета како длабочина и интензитет со кој поединците ги доживуваат и перцепираат емоциите, емоционалната интелигенција може да се примени, исто како и интелектуалната интелигенција, преку значајни активности и искуства кај децата.

Пеењето песни за чувствата е добар начин за развивање на емоционална интелигенција кај децата

Создавањето свест за широкиот спектар на емоции со кои сите се среќаваме промовира раст, флексибилност при размислувањето, негува емпатија и придонесува кон воспоставување силни релации меѓу врсниците.

Начини да им помогнете на децата да ги процесираат чувствата преку песна

Заедничкото пеење е одличен начин за развивање на емоционалната интелигенција кај децата. Докажано е дека ги зајакнува врските, предизвикува чувства на радост, помага во релаксација и дава можност за поврзување на емоционално ниво. Некои песни остануваат со нас, па дури и стануваат мантра што ја паметиме во тешки времиња, што може да биде корисно за родителите, но и за децата.

Следните прашања се одлични за отворање дискусија и може да им помогнат на децата да ги разберат нивните и туѓите чувства откако ќе пеат или слушаат песни

Одговарањето на овие прашања е одличен начин за развој на емоционалната интелигенција, кој им помага да ги артикулираат сопствените чувства и да најдат начин за справување со „добрите“ и „лошите“ емоции.

Поставете му ги овие прашања на вашето дете додека заедно слушате музика.

  • Колку различни чувства можеш да замислиш дур ја слушаш оваа песна?
  • Можеш ли да помислиш на различни бои кои одговараат на оваа песна?
  • Дали има звук што можеш да го направиш, а што звучи како (наведете емоција)?
  • Како се чувствуваш кога некој што го познаваш чувствува (емоција)?
  • Што би му кажал на некој што чувствува (емоција) за да му помогне?
  • Што правиш за да си помогнеш кога чувствуваш (емоција)?
  • Кои чувства ти траат долго? Кои чувства траат кратко?
  • Дали постои нешто како „добро“ или „лошо“ чувство? Зошто мислиш така?

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира