„Големи и Мали е дигитална платформа наменета за родители и деца.“
Нашата идеја е да опфатиме што е можно повеќе различни теми кои се повразни со родителство, детска психологија, како и сите предизвици со кои се соочува еден родител.
Нашиот сервис “Разговарај со психолог” нуди можност да бидете дел од вебинари на различни теми, поврзани со предизвици со кои се соочуваат родителите во одредени развојни фази на своите деца. Исто така, онлајн сесии во чиј тек можете да разговарате со психологот за сите останати прашања кои нашите вебинари ги немаат опфатено.
Нашата друга креативна страна е фотографскиот сервис кој нуди услуги за вашите семејни настани, фото сесии, портрети за родители и деца, сесии за новороденчиња и сите останати настани важни за вас.
Совети
-
Негувањето на креативноста и имагинацијата на детето му помага да развие апстрактно размислување и вештина за решавање проблеми.
-
Секогаш кога вашето дете ќе се стимулира да размислува, или се формираат нови нервни патишта или се зајакнуваат постојните.
-
Когнитивниот развој на вашето дете се случува со експлозивна брзина во текот на првите три години од животот.
-
Децата кои добиваат пофалби за своите напори на почетокот на животот имаат тенденција да се трудат повеќе и не се откажуваат лесно.
-
Ова е златното доба на истражување за вашето дете. Вашата улога во оваа фаза е да бидете учесник или набљудувач, снабдувач со играчки и извор на пофалби.
-
Не постои еден вистински начин да се справите со испад на бес, но поголемиот дел експерти се согласуваат околу тоа што нема да помогне.