Доколку вашето дете нема самоконтрола и способност за саморегулација, многу почесто ќе се најдете во ситуација каде вриска среде преполна продавница, на вечера и сл. А тоа може да биде крајно фрустрирачки зарем не? Но, родителите можат да им помогнат на децата да научат самоконтрола и да ги научат како да реагираат смирено.
Моделирајте самоконтрола
Подучувањето и моделирањето на самоконтрола и саморегулација е една од најважните работи што родителите можат да ги направат. Овие вештини се едни од најважните за успех подоцна во животот. Со учење на самоконтрола и саморегулација, децата можат да донесат соодветни одлуки и да одговорат на стресни ситуации на начини кои можат да дадат позитивни резултати.
Избегнете бурна реакција и имајте цврсти граници
На пример, ако кажете дека не послужувате сладолед после вечерата, детето може да плаче, да моли, па дури и да вреска со надеж дека ќе попуштите. Но, со самоконтрола, детето може да разбере дека непосакуваниот исход е сладоледот засекогаш да не е на дофат и дека е попаметно да чека трпеливо. Колку и да е тешко, избегнете да имате бурна реакција и гласно да викнете кога се манифестира непосакувано однесување. Наместо тоа, цврсто и конкретно повторете ги границите (правилата) кои претходно сте ги поставиле. Запомнете, важно е детето да биде свесно за последицата од однесување кое се коси со правилото. На пример, тантрум во самопослуга откако ќе му објасните зошто нема да купите бонбони. Не отстапувајте – со што ќе покажете дека бесот е неефикасен и дека нема да го промените ставот.
Валидирајте ја емоцијата
Во ситуација кога детето ќе се вознемири поради одредена ваша одлука, или спроведување на граница или правило, важно е да ја валидирате емоцијата. Кажете: “Можам да бидам дека ова те вознемири и дека си фрустриран/а, и тоа е во ред. Сите понекогаш се чувствуваме така.” Ова помага децата да го подобрат своето чувство за самоконтрола, но и да ги препознаат емоциите. Исто, важно е јасно да кажете дека сте препознале ситуација во која вашето дете не ја изгубило контролата во фрустрирачка ситуација. Наместо тоа, кажете: „Ми се допаѓа како се справи со оваа ситуација“.
Запомнете, најважно за развивање на саморегулација и самоконтрола кај децата е вашето моделирање на истото однесување. Колку и да е тешко да останете смирени, избегнете бурна реакција и цврсто стојте до поставените граници и правила. Исто така, препознавањето и валидирањето на сите емоции кај детето, како и давањето стратегија за справување во иста или слична ситуација е од особено значење.