


„Големи и Мали е дигитална платформа наменета за родители и деца.“
Нашата идеја е да опфатиме што е можно повеќе различни теми кои се повразни со родителство, детска психологија, како и сите предизвици со кои се соочува еден родител.
Нашиот сервис “Разговарај со психолог” нуди можност да бидете дел од вебинари на различни теми, поврзани со предизвици со кои се соочуваат родителите во одредени развојни фази на своите деца. Исто така, онлајн сесии во чиј тек можете да разговарате со психологот за сите останати прашања кои нашите вебинари ги немаат опфатено.
Нашата друга креативна страна е фотографскиот сервис кој нуди услуги за вашите семејни настани, фото сесии, портрети за родители и деца, сесии за новороденчиња и сите останати настани важни за вас.
Совети
-
Прочитајте три начини за практикување позитивно родителство кои ќе ви помогнат да создадете мирен, среќен дом.
-
Многу млади родители применуваат нежно родителство со цел да не ги растат своите деца на начинот на кој нивните родители го правеле тоа.
-
Избегнувајте фотографирање со вградениот блиц на вашиот телефон бидејќи ги прави фотографиите пластични.
-
Многу родители се соочуваат со деца кои одбиваат да ја јадат храната која им се сервира. Во ваков случај, најважно е да останете смирени. Викање, присилување и заканување, нема да ви помогнат.
-
Материјалите и содржините кои се користат во Монтесори го поддржуваат развојот на детето, создавајќи усогласување меѓу интересите и понудените активности.
-
‘’Место за се и се на своето место” е еден од клучните принципи на применување на Монтесори дома. Кога ќе одредите место за секој предмет, вашето дете секогаш ќе знае каде стои се и каде треба да се врати.