Доколку сакате да го поттикнете развојот, креативноста, моториката, концентрацијата, слободниот израз, градењето на личниот став и правилниот развој на детското тело, тогаш школата за улична уметност „Eрор Колектив“ е вистинското место за тоа.
Интересен е фактот дека оваа школа се има создадено на сосема природен начин, односно на барање на самите деца. Прво е направена група од заинтересирани што подоцна се проширува и се гради во вистинска школа за уметности и возење скејт.
„Ерор Колектив“ – Школата за улична уметност во својата програма содржи часови по цртање, сликање и возење скејт за деца од различни возрасти каде децата се запознаваат со техниките на цртање и сликање почнувајќи од цртање на едноставни почетнички цртежи со употреба на молив или јаглен, до совладување на напредни техники како на пример цртање портрети и сликање акварел, запознавање со основите на скејт културата, тренинзи, проекции на скејт филмови и документарци, посета и тренинзи во локалните скејт паркови и простори, како и изучување на основи на возење мини рампа и street skateboarding.
„Ерор Колектив“ – Школата за улична уметност е со флексибилен карактер во однос на просторот. Базна точка секогаш се просториите на „Ерор Колектив“ исто така новиот/реновиран скејт парк во н.Карпош и терените кај салата Партизан во градски парк. Правото на избор останува на детето во кој дел од програмата сака да се вклучи.
За повеќе информации поврзани со уписите и програмата можете било кој ден да се упатите во просториите на „Ерор Колектив“ (Дане Крапчев 7, Дебар Маало) или да ги контактирате на facebook или instagram.