Блен

Блен.мк е блог за книжевност, култура и (македонски) идентитет на Наташа Атанасова. Онлајн место за замислување и мечтаење на теми што се важни за лична и колективна (р)еволуција.

На Блен.мк можете да најдете интервјуа со интересни луѓе кои прават нешто квалитетно и инспиративно, рецензии на книги, портрети на уметници и разно-разни текстови и дела од областа на: книжевноста, ликовните уметности, драмата и театарот, филмот, музиката, фотографијата, антропологијата, философијата, психоанализата, стрипот…

Блен.мк сака да ги поттикне луѓето да читаат и да гледаат квалитетни работи, да размислуваат на битни теми и да го шират својот светоглед. И сето тоа со една цел: за да стануваат подобри луѓе!