Разговарај со психолог

Марија Магдалена Стојчовска

“Разговарај со психолог” е сервис кој нуди можност да закажете термин за сесија со дипломиран психолог со сертификат за детска психологија и родителство. Вклучува разговор за одреден предизвик со кој се соочувате во одредена развојна фаза на вашето дете. Односно, поддршка и совети кои ви се потребни за на вашето дете да му овозможите стабилно и здраво детство. Нашата мисија е да им дадеме на родителите безбеден простор во кој ќе се чувствуваат слушнато и поддржано и ќе можат да разговараат за предизвиците кои ги носи родителството, без страв од осуда дека се “лоши родители”. Нашата визија е поддршка на генерација на родители кои се свесни, емпатични и се постојана поддршка за своите деца низ процесот на растење и развивање.

„Нашиот сервис е првенствено наменет за родителите на деца на возраст од 1-6 години.“
 
 

Закажи термин за консултација

Доколку сакате да закажете термин за консултација со психологот притиснете на копчето долу и внесете ги потребните информации.

Често Поставувани Прашања

Нашите совети се базирани на повеќегодишно применување при реални проблеми кои родителите ги имаат во секојдневно воспитување на своите деца. Целта е родителите да практивкуваат нежно и поизитвно родителство, односно да развијат врска со своите деца која се заснова на емпатија, почит, разбирање, поставување на јасни граници, а не на страв и казна. Советите се дизајнирани на основа на пристап за нежно и позитивно родителство, користејќи материјали и теории од експерти во областа на родителството. Потребно е да имате на ум дека секое дете е своја мала личност во развој и е особено важно да имате огромно трпени при применување на истите за позитивен исход.

Нашиот сервис вклучува советување од сертифициран психолог во областа на родителството, додека пак психотерапевтски сервис би нудел психотерапија за подлабоки проблеми поврзани со менталното здравје, нивно дијагностицирање и третман. Целта на овој сервис е да им овозможи на родителите да усвојат вештини за справување со предизвиците кои ги носат сите развојни фази на децата. Притоа, нудејќи алатки, идеи и поддршка кои водат до позитивни промени.

Нашиот психолог може да ви понуди помош и советување на повеќе теми:

  • Бихевиорални проблеми (агресивност, ривалство меѓу браќа и сестри, тантруми)
  • Справување со стресот и вината кои ги носи родителството
  • Развјони проблеми (стратегии за решавање на емоционални и социјални развојни предизвици)
  • Стратегии за справување со кризни ситуации (развод или загуба на блиска личност)
  • Практични проблеми поврзани со секојдневието на вашето дете.

Заедничко креирање на план кој е прилагоден на вашите потреби и цели како родител според уникатните потреби на вашето дете.
Важно е секогаш да имате на ум дека овој процес е најчесто долготраен и потребно е да вложите енергија и трпение за да вроди со успех.

Нашиот психолог има повеќегодишно искуство со работа со родители и деца и вистински, секојдневни предизвици со кои тие се соочуваат. Идејата за овој сервис се раѓа на основа на нивните споделувања и реалната потреба на родителите да побараат помош и совет од некој на кого можат да му ја дадат својата доверба, во средина која им нуди сигурност дека ќе бидат чуени и поддржани, без да бидат осудени за сите недоумици и стравови со кои може да се соочат во процесот на воспитување и растење на своите деца. Тргнувајќи од сопственото искуство како дел од процесот на воспитување од страна на нашите родители, свесни сме за одредени недостатоци кои ги има застарениот, авторитативен начин на родителство (базиран на казнување и дисциплинирање) и би сакале да помогнеме во создавањето на нова генерација родители кои ќе бидат посвесни и поемпатични со своите деца.
Сметаме дека секој родител е добар родител се додека секојдневно учи заедно со своето дете, бара и споделува совет и цели да биде своја подобра верзија.

Нашите сесии се замислени да бидат одржувани онлајн во атмосфера која на вас ќе ви биде најпријатна и во термин кој вие ќе го одберете. Сметаме дека со денешното темпо на живот на еден родител, е попрактично истите да бидат виртуелни. Доколку вашата преференца е со физичко присуство, можно е да се организира во консултација со психологот.

Сервисот Разговарај со психолог не нуди можност за индивидуални сесии со психологот и детето. Туку, наменет е да понуди совети за родители на деца од 1- 6 години, давајќи им соодветни алатки за справување со сите предизвици со кои би се соочиле и поддршка за да истите ги применат во секојдневието